Мурињо: Знаев дека Депај е одличен, но во Јунајтед се однесуваше детски

Мурињо: Знаев дека Депај е одличен, но во Јунајтед се однесуваше детски

пред 3 години

Жозе Мурињо вели дека „детското однесување“ на Мемфис Депај значело дека тој мора да замине од Манчестер јунајтед, но вели дека секогаш верувал во квалитетите на Холанѓанецот и очекува тој да блесне во Барса.

Депај пристигна на „Олд Трафорд“ кога менаџер беше Луис ван Гал во 2015 година како млад талент, но беше продаден во Лион само 18 месеци подоцна откако во 53 настапи имаше само 7 гола. Токму Мурињо беше човекот кој го продаде.

„Прочитав некаде дека Вејн Руни објаснува дека Мемфис дојде на меч на резервите да игра со децата со голем ‘Ролс Ројс’ и каубојска шапка. Тоа беше типично за него. Навистина одлично момче, професионалец, но дури сега откако ја доби зрелоста во Лион. Понекогаш тоа е потребно. Понекогаш прерано доаѓаат во големи клубови каде што не се подготвени да го изддржат притисокот. Кога тој реши да отиде во Лион, тоа беше одличен трансфер за него. Сега, оди во Барселона со зрелост и со добри години и мислам дека таму ќе игра добар фудбал“, вели Мурињо.

Во Лион, 27-годишниот Депај ја смени и својата позиција – од крило, почна да игра на централната напаѓачка позиција и постигна 76 гола во 178 настапи а францускиот клуб во четири и пол сезони.

Share
Scroll to Top