Мурињо и Гвардиола најмногу потрошиле за фудбалери, по нив е Анчелоти

Мурињо и Гвардиола најмногу потрошиле за фудбалери, по нив е Анчелоти

пред 3 години

Сите фудбалски трансфери во модерниот фудбал се со „амин“ на тренерите, пред се во Англија, каде тие ја имаат титулата менаџери.

Во таа улога најдобро се снајде Жозе Мурињо кој за засилувања во тимовите во кои работел досега потрошил 1,76 милијарди евра и единствен е на оваа листа на тренери кој потпишал договор со над 100 фудбалери, точно 104.

Неговото најскапо засилување е Пол Погба во 2016 година во Манчестер Јунајтед, трансфер од Јувентус за 110,6 милиони евра.

Втор меѓу тренерите познат како голем „трошаџија“ е Пеп Гвардиола. Шпанецот вкупно потрошил 1,59 милијарди евра за 67 фудбалери. Неговиот последен фудбалски трансфер воедно е и најскапиот. Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити дојде за 120 милиони евра. Додека беше кормилар на Барселона најскапиот трансфер бил оној на Златан Ибрахимовиќ од Интер во каталонскиот клуб – 72 милиони евра + Самуел Ето.

Третото место на оваа листа му припаѓа на Карло Анчелоти (со 1,37 милијарди евра за 88 фудбалери) кој работеше долги години во Милан, во ерата на Силвио Берлускони, но седеше и на клупата на Реал Мадрид, Челси, ПСЖ, Баерн. Неговиот најскап трансфер е кога Герет Бејл од Тотенхем се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ за 101 милион евра.

Во топ 10 има место и за:

Мануел Пелегрини (1,16 милијарди евра, 88 фудбалери)
Масимилијано Алегри (1,06 милијарди евра, 99 фудбалери)
Диего Симоне (985 милиони евра, 68 фудбалери)
Антонио Конте (944 милиони евра, 84 фудбалери)
Арсен Венгер (891 милион евра, 84 фудбалери)
Ернесто Валверде (864 милиони евра, 53 фудбалери)
Унаи Емери (846 милиони евра, 73 фудбалери)

Share
Scroll to Top