Мурињо контра Биелса: Тој сигурно не е фудбалски месија

Мурињо контра Биелса: Тој сигурно не е фудбалски месија

пред 4 години

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не е меѓу тренерите кои „воздивнуваат“ за менаџерот на Лидс, Марсело Биелса и не се воодушевува на неговиот стил на фудбал пред пресметката на двата клуба.

Пеп Гвардиола, но и претходникот на Мурињо на клупата на Тотенхем, Маурисио Почетино самите себеси се сметаат за „следбеници“ на фудбалскиот месија Биелса, човекот од кого научиле многу. Мурињо не се согласува.

„Јас сум наследник и следбеник само на мојот татко и воопшто не ми се допаѓа таа ситуација во фудбалот. Дури и со помладите тренери, луѓето кои работеле со мене порано. Ох, тие се следбеници на Жозе. Тоа се глупости, секој е посебен човек со сопствени идеи. Можеш да имаш влијание од некого, но тука е крајот. Да зборуваат за господинот Биелса можат тие кои го познаваат добро. Јас не го знам. Мислам дека беше тренер на Атлетик Билбао кога бев во Реал Мадрид, а сега првпат сме во Премиер лигата. Да тој е добар тренер, но јас не сум тука да го анализирам, бидејќи не го познавам. Само се ракувавме неколку пати“, вели Мурињо.

За многу фудбалски фанови дуелот на двете екипи претставува дуел на две различни фудбалски филозофии – на Биелса да се даде гол повеќе и на Мурињо да се прими гол помалку. Тотенхем имаат две ремија и два порази во последните четири меча, но Мурињо не се согласува дека тие даваат малку голови.

„Никој не зборуваше дека сме негативни кога дадовме шест гола против Манчестер јунајтед, пет против Саутемптон и три против Вест хем“, додава Мурињо.

Share
Scroll to Top