Мурињо: „Модерниот пенал“ не стави во тешка позиција

Мурињо: „Модерниот пенал“ не стави во тешка позиција

пред 4 години

Фудбалерите на Тотенхем, вчера, доживеаја пораз од 3:0, кај лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, рекол дека заморот и „модерниот“ пенал придонеле за поразот на неговиот тим.

Тотенхем беа во натпреварот, во првите 20 минути. Кејн го погоди дирекот од слободен удар при резултат 0:0, а потоа се случи пеналот, Сити го постигнаа првиот гол и на крајот забележаа лесна победа.

„Уморни сме, а тие свежи. И покрај тоа добро го започнавме мечот. Имаме контрола, погодивме статива…И потоа еден од оние како што јас ги нарекувам „модерни пенали“. Тој пенал не стави во тешка позиција“, рекол Мурињо.

А што е тоа модерен пенал?

„Модерен пенал е пенал кој се суди дури и кога со ноктот ќе го допреш противникот. И тоа зависи од тоа кој е противникот. Против некои тимови, тој контакт со врвот на ноктот е пенал, ВАР не може да покаже дали имало контакт со прстот, ноктот, носот. Не можеш да кажеш дека немало контакт“.

Тотенхем е тимот против кого се досудени најмногу пенали во досегашниот дел од сезоната, вкупно шест.

Share
Scroll to Top