Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, во најавата на дербито со Манчестер јунајтед, порачал дека не го подржува мислењето на Оле Гунар Солскјер, дека трофеите не се показател за успехот.
Манчестер јунајтед последниот трофеј го освоиле кога менеаџер беше Мурињо, во 2017 година „црвените ѓаволи“, славеа во Лига Европа.
Солскјер рекол дека напредокот што го покажува неговиот тим оваа сезона, не може да се оценува преку трофеите. Смета дека опседнатоста со трофеите, на одредени тренери, е работа на „големото его“.
„Тоа е негово мислење. Сигурен сум дека неговиот голем шеф сер Алекс Фергусон поинаку размислува на оваа тема. Убеден сум дека Фергусон, како најдобар менаџер во историјата на Премиер лигата, има поинакво мислење во врска со трофеите. Секако дека го почитувам ставот на Солскјер, моето мислење е поинакво…“, рекол Мурињо.
Тотенхем ќе го пречека Манчестер јунајтед, утре од 17.30 часот. Во првиот дел од сезоната, екипата на Мурињо го победи Јунајтед со 6:1.