Мурињо ќе добие отказ, ќе го наследи клупска легенда

Мурињо ќе добие отказ, ќе го наследи клупска легенда

пред 10 месеци

Сопствениците на Рома се незадоволни од играта и резултатите на тимот под водство на Жозе Мурињо и се подготвени да ја прекинат соработката со португалскиот стручњак, пренесува „Спортмедиасет“.

Според овој извор, доколку Мурињо добие отказ, на клупата ќе седне клупската легенда Даниеле Де Роси.

Рома по поразот во купот од градскиот ривал Лацио (1:0), беше поразена и од Милан (3:1) во последното коло од Серија А. Рома во 20 натпревар, во Серија А, веќе има седум порази и се наоќа на деветтото место на табелата со 29 поени.

Интересно, против конкурентите кои се борат за пласман во европските купови, Рома од можните 24, освои само шест поени.

Де Роси играше за Рома од 2001 до 2019 година. Вкупно, тој настапи на 616 натпревари постигна 63 гола и забележа 60 асистенции. Беше дел од репрезентацијата на Италија која ја освои светската титула во 2006 година.

Неговата тренерска кариера е кратка. Ја започна во второлигашот СПАЛ во октомври 2022 година, а таму беше отпуштен во февруари 2023 година, откако на 17 натпревари забележа три победи, шест нерешени и осум порази.

Share
Scroll to Top