Мусовски стрелец во дербито на ЛА

Мусовски стрелец во дербито на ЛА

пред 4 години

Лос Анџелес ФЦ, во дербито на 19 коло во МЛС, во градското дерби го победи Лос Анџелес Галакс со 2:0.

Првиот гол во „Ел Трафик“ дербито го постигна новиот македонски репрезентативец Даниел Мусовски во 58 минута.

Недолго потоа Рајт-Филипс го постигна вториот гол за ЛА ФЦ, меѓутоа беше поништен поради офсајд. Точка на натпреварот во 93 минута стави Карлос Вела, кој на најдобар начин се врати во тимот по повредата.

Големо влијание во конечниот резултат имаше црвениот картон што во 25 минута го доби фудбалетот на Галакси, Џанкарло Гонзалес.

Share
Scroll to Top