Фудбалерот на Рома, Крис Смолинг, бил ограбен во својот дом. изминатите месеци зачестија грабежите во домовите на познатите фудбалери, особено во Италија,м Шпанија и Франција.
Крадците, влегле во домот на Смолинг, ги затекнале фудбалерот и неговата сопруга Сем кук, им се заканиле со пиштол да им го отворат сефот.
Од сефот однеле часовници и накит. Смолинг не држел пари во куќата.
Италијанската полиција потврдила дека се води истрага за овој случај.