Мечот од баражот во Лига Европа помеѓу ПСВ Ајндховен и Севилја минатата недела помина во сенка на неверојатниот момент во финишот на мечот помеѓу ПСВ Ајндховен и Севилја, кога еден хулиган на холандскиот клуб се обиде да го нападне голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ, кој со брза реакција го „неутрализираше“.
УЕФА отвори истрага за инцидентот, додека претставници на навивачите на холандскиот клуб денеска пристигнаа во Севилја, каде што му дадоа букет со цвеќе и со извинување на српскиот голман.
„Господине Дмитровиќ, извинување од страна на навивчи на ПСВ. Се надеваме дека сте добро по инцидентот и ви посакуваме среќа во Лига Европа“, се вели во пораката.
ПСВ победи во тој меч со 2:0, но Севилја отиде во осминафиналето по домашниот 3:0 триумф.
From us, to you Marko! 😘#EEUWIGTROUW@the_mitrovic1 | @SevillaFC pic.twitter.com/bS1ZpV7vl1
— Supportersvereniging PSV (@supverpsv) March 1, 2023
УЕФА отвори истрага за хулиганскиот напад над Дмитровиќ во Лига Европа