Навреди за Ал-Хелаифи во Барселона: Крадецу, остави го Меси на мира!

Навреди за Ал-Хелаифи во Барселона: Крадецу, остави го Меси на мира!

пред 3 години

Барселона и Пари Сен-Жермен се два европски фудбалски гиганти, кои секако, немаат најдобри односи откако ПСЖ им го купи Нејмар со откупување на неговата клаузула од 222 милиони евра, а сега на пат кон француската престолнина според шпекулациите е и Лео Меси.

Ова ги предизвика навивачите на Блауграна да го пречекаат претседателот и главниот финансиер на богатиот француски клуб, Насер Ал-Хелаифи при пристигнувањето во Барселона за мечот од Лигата на шампионите и да го „почестат“ со низа епитети.

„Остави го Меси на мира, крадецу!“, викаше еден навивач, друг го пречека со зборовите „кучкин сине“, додека третиот беше најиновативен: „Дај ми милион евра“!

Share
Scroll to Top