Нагелсман признава: Халанд ќе биде уште подобар

Нагелсман признава: Халанд ќе биде уште подобар

пред 3 години

Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман вели дека Ерлинг Халанд ќе биде уште подобар во иднина, откако неговиот тим беше „жртва“ на младиот Норвежанец при 3:1 триумфот на Борусија Дортмунд.

Халанд постигна два гола и асистираше на третиот на Џејдон Санчо за победата со која Лајпциг пропушти шанса да се искачи на првото место на табелата пред Баерн Минхен. Со овие два гола, Халанд има неверојатни 25 гола во 25 бундеслигашки мечеви, од кои само 20 беа како стартер, а има импресивни 34.3 отсто постигнати голови од своите удари!

Нагелсман беше заинтересиран за Халанд додека тој беше играч на нивниот сестрински клуб Ред бул Салцбург, и вели дека тој ќе биде уште посилен во иднина. Халанд исто така даде два гола на Лајпциг на крајот на минатата сезона.

„Можевме да се браниме против Ерлинг, но тогаш ќе оставевме играчи празни околу него во ситуација еден-против-четири. Секако, тој уште еднаш покажа колку е посебен напаѓач, и затоа го сакавме пред Дортмунд да го добие. 25 гола во 25 меча, кој го може тоа? Неверојатно. Тој е посебен квалитет и е многу млад, а има и огромен потенцијал и ќе биде уште подобар“, вели Нагелсман.

Халанд му пресуди на Лајпциг, имаше поддршка од Санчо и Ројс

Share
Scroll to Top