Надал без загубен сет во осминафинале, Фоњини е следната пречка

Надал без загубен сет во осминафинале, Фоњини е следната пречка

пред 3 години

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако предмалку со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 7:5) славеше против Британецот Камерон Нори, 69-ти на АТП листата.

Мечот траеше 2 часа и 15 минути, а во борбата за четвртфинале ривал на Шпанецот ќе му е италијанскиот тенисер Фабио Фоњини кој во истовреме, во три сета беше подобар од домашниот тенисет Де Минаур.

Иако резултатот од 3-0 тоа не го говори, сепак Надал се чини се помачи додека дојде до триумфот.

Надал во првиот сет прв загуби на свој сервис, но веднаш се врати во игра. Егал без брејк шанса имаше се до 12 гем кога Рафа ја искористи втората сет топка за 1-0 по 49 минути на теренот.

Во 4. гем од вториот сет Нори спаси две брејк шанси за противникот, по што Шпанецот врза 4 поени и нешто полесно стигна до третиот сет.

Таму, во третиот период од играта, се играше неизвесно се до 6-5 кога шпанскиот ас ја искористи грешката на противникот за меч топка.

Партијата на Надал е далеку од она што од него се очекува, па ќе биде интересно да се види дали и преку Фоњини ќе стигне меѓу осумте најдобри во Мелбурн.

Share
Scroll to Top