Интер рутински со Салернитана, сврзаа две победи во низа

Интер рутински со Салернитана, сврзаа две победи во низа

пред 2 години

Николо Барела имаше гол и асистенција за Интер да стигне до рутинска 2:0 победа над Салернитана и по подолго време да сврзе две победи во низа во италијанската Серија А.

Барела во 14. минута му асистираше на Лаутаро Мартинез, за во 58. минута по убавата асистенција на Хакан Чалханоглу да постигне прекрасен гол за да ја запечати победата на „нераѕурите“.

Интер со овие три поени се искачуваат на седмото место на табелата со 18 поени, два повеќе од Јувентус на осмото место, но шест поени зад лидерот Аталанта. Салернитана е на 12. место со 10 освоени поени.


Standings provided by Sofascore

Share
Scroll to Top