Надал елиминиран во Париз – Зверев ќе се бори за титулата

Надал елиминиран во Париз – Зверев ќе се бори за титулата

пред 3 години

Александер Зверев ќе се бори за титулата на Мастерсот во Париз. Германецот, во полу-финалето, го елиминира Рафаел Надал.

Мечот во „Берси“, кој траеше 100 минути, Зверев го доби во два сета со 6/4, 7/5.

Ова е втора победа по ред за Зверев над Надал, откако славеше и во мечот што го одиграа минатата година во Лондон. Сепак, во меѓусебните дуели, Надал води со 5:2.

Зверев, во кариерата има освоено три трофеи на турнирите од Мастерс-серијата, Надал ќе остане на 35. Шпанецот никогаш не триумфирал на Мастерсот во Париз, а само во 2007 година играл во финалето.

Зверв беше подобар играч во полу-финалето, а тоа го потврдува и статистиката, Германецот имаше 20 винери повеќе од Надал (37/17), а двајцата имаа по 18 незинудени грешки.

Во првиот сет еден брејк и одличните сервиси му беа доволни на Зверев да поведе со 1:0. Брејк направи Германецот и во вториот сет, имаше можност и за дупли-брејк во седмиот гем, но откако не искористи четири шанси, Надал во наредниот гем израмни на 4:4.

Шпанецот сепак не го издржа притисокот, му доволи нов брејк на Зверев во 11 гем, а потоа со добри сервиси го заклучи мечот.

Зверев, утре од 15 часот, во финалето ќе игра против Данил Медведев.

Share
Scroll to Top