Рафаел Надал рутински со 3-0 го победи Мајкл Моа (177-ми на АТП листата) и се пласираше во следното коло на Австралија опен, но Шпанецот призна дека не се чувствува добро.
„Проблемот со мојот грб не е под контрола, далеку е од тоа. Ќе продолжам да играм најдобро што можам, се обидувам да најдам начин за тоа. Многу е важно да сум на теренот што помалку гемови, но знам дека времето ми истекува. Чувствувам болка 18-19 дена и свесен сум дека ако не најдам начин да ја елиминирам болката, ќе биде многу тешко да ја исполнам целта тука“ рече Надал.
Шпанскиот тениски ас на денешната прес-конференција по мечот образложи и на какви третмани е подложен.
„Ситуацијата со грбот не е задоволувачка, се обидовме со неколку третмани и утре ќе е многу важен ден затоа што мораме да најдеме ново решение. Ако тоа не успее, ќе бидам на работ затоа што веќе третата рунда носи поголеми предизвици. Во лесен меч како денешниот можам да сервирам добро, но тоа нема да е доволно во следната фаза“ рече Надал.
Тој во третото коло ќе се состане со Британецот Камерон Нори кој беше подобар од Русинот Сафиулин со 3-1 во сетови.
The @RafaelNadal show rolls on ?
Next stop: His 1️⃣5️⃣th #AusOpen third round.#AO2021 pic.twitter.com/iFDeMTvhR0
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 11, 2021