Наместо Депај, сега Гарсија е прва мета на Барса во јануари

Наместо Депај, сега Гарсија е прва мета на Барса во јануари

пред 3 години

Долгоочекуваниот трансфер на Мемфис Депај од Лион во Барселона веќе не е приоритет на каталонскиот клуб, кој по повредата на Жерард Пике е во очајна потрага за дефанзивец и сметаат дека Ерик Гарсија од Манчестер сити е вистинскиот избор.

Ветеранот Пике ги повреди лигаментите на коленото и го очекува пауза од неколку месеци и тоа значи дека фокусот повторно се свртува кон Гарсија, кој и претходно беше на листата на каталонскиот гигант, но тие не беа подготвени да ја платата сумата која ја бараа Сити.

Парите повторно можат да бидат главен проблем за Барса, бидејќи по КОВИД-19 кризата, изворите на пари се драстично намалени. Договорот на Гарсија завршува следното лето, но Барса би морала да донесе засилување веќе во јануари.

 

Share
Scroll to Top