И покрај тоа што може да се каже дека односите меѓу Барселона и нивната прва ѕвезда Лионел Меси се на најниско можно ниво, претседателскиот кандидат Емили Русод вети дека ќе организира референдум за „Ноу Камп“ да го носи името на Аргентинецот. Каталонскиот гигант ќе избере нов претседател во јануари за да го замени Жосеп Марија Бартомеу, кој си даде оставка минатиот месец, кога целиот борд на клубот (вклучувајќи го и Русод) си даде оставка. Притисокот на Бартомеу се зголеми откако во текот на летото Меси се обиде да си замине без отштета, критикувајќи ја насоката во која се движи клубот под водство на Бартомеу. Иако Меси не даде изјава дека сака да продолжи со клубот, Русод вели дека тоа е иницијатива која ќе ја исполни. „Ќе оддржиме референдум за менување на името на стадионот на ‘Камп Ноу – Лео Меси’. Ќе потпишеме договори со двајца врвни фудбалери, од кои еден е Нејмар. Работиме на неговото враќање во Барселона ако се откаже од тужбата против клубот. Исто така наскоро ќе го објавиме името на втората фудбалска ѕвезда која ќе ја донесеме со која имаме директна врска. Ако победиме, ќе сметаме и на Чави, Иниеста и Пујол, ко и ќе ги вратиме во клубот“, вели Русод. Тој исто така посочи дека Роналд Куман не би останал тренер под негово водство. „Го почитувам Куман, но имаме избрано човек кој води еден од најдобрите европски клубови. Исто така имаме и сигурен човек за технички директор“, додава бизнисменот.
Наместо „Камп Ноу“, стадион „Камп Ноу – Лео Меси“, вети кандидатот за претседател
пред 4 години