Наполи ја декласира Специја со 4:1 и ја продолжи ботката за пласман во Лигата на шампионите. Со оваа победа Наполи скокнаа на втората позиција на табела имаа бод и натпревар повеќе од Аталанта, Милан и Јувентус.
Натпреварот во Специја, Наполитанците го решија во првите 30 минути. Зјелински постигна гол во 13, а Осимен во 23.минута. До крајот на полувремето, во 44.минута Осимен со својот втор гол ја зголеми предноста на Наполи на 3:0.
Пиколи го намали резултатот во 64.минута, а Лозано на десет минути до крајот ги постави конечните 4:1.
Во вториот натпревар одигран поладнево Удинезе и Болоња ремизираа 1:1.