Наполи ја среди Парма и се проби во Топ 5 во Серија А

Наполи ја среди Парма и се проби во Топ 5 во Серија А

пред 3 години

Екипата на калчолигашот Наполи попладнево со 2-0 ја совлада екипата на Парма на својот стадион и направи значаен исчекор кон врвот на табелата во Серија А.

Наполитанците со головите на Елиф Елмас во 32 и на Матео Политано во 82 минута донесоа важни три бода со кои Наполи сега има 37 и е 5. на табелата, со меч помалку, оној што треба да се одигра против Јувентус кој службено му припадна на шампионот, па беше сменета одлуката.

Што се однесува на Елмас, на последните 2 меча беше стартер кај Гатузо (Специја во Копа Италија и денеска со Парма) и на двата меча постигнува погодок.

Share
Scroll to Top