Најдобриот норвешки судија призна: Јас сум геј!

Најдобриот норвешки судија призна: Јас сум геј!

пред 3 години

Норвешкиот фудбалски судија Том Хералд Хаген (44) се смета за еден од најдобрите во оваа земја по долги години молк реши на јавноста да и ја соопшти својата сексуална ориентација.

„Го судев првенствениот меч Валеренга – Кристиансунд кога играчот Фламур Кастрати на тренерот од противничкиот табор гласно му викна `педе.у`. Си помислив каква иронија е јас како судија да го слушам тоа, а јас самиот сум хомосексуалец. Време е да ставиме крај на тоа и време е да признаам. Јас сум геј. Уверен сум дека од ова мое признание ќе излезат само позитивни работи. Тоа за мене отсекогаш било потполно природен дел од животот“ – рече судијата кој е со знакот на ФИФА од 2009 година.

По неговото признание, норвешките медиуми пишуваат дека добил многу пораки со поддршка.

Share
Scroll to Top