Најлошиот тим во историјата на Бундеслигата не сакаат Шалке да ги стигне

Најлошиот тим во историјата на Бундеслигата не сакаат Шалке да ги стигне

пред 3 години

Алмир Нумиќ, извршниот директор на Тасманија Берлин, историски најлошиот тим во Бундеслигата вели дека сите во клубот се надеваат дека гигантот Шалке нема да го сруши нивниот негативен рекорд оваа сезона.

Кризата во клубот од Гелзенкирхен е неверојатна – тие немаат победа во 24 меча во Бундеслигата во низа и се блиску до рекордот на Тасманија од 1966 година, кога тие немаа победа во 31 меч. Но, додека за ривалите на Шалке ова е совршена шанса за шеги и потсмевање, Нумиќ вели дека се надева дека бргу ќе победат.

„Тој негативен рекорд е дел од нашиот идентитет долго време. Тој рекорд ни помага. Кога ќе седнеме со спонзорите, не мора да објаснуваме кои се Тас! Првото нешто што се гледа на ‘Спортшау’, популарното германско ТВ шоу за фудбал е нашиот грб. Тоа е кул“, вели Нумиќ.

Нумиќ, 38-годишниот бизнисмен со балканско потекло, го презеде Тасманија на почетокот на 2020 и се надева дека еден ден ќе ги врати во Бундеслигата – во моментов тие се во регионалната лига, но се први по девет меча.

„Не се работи за парите, туку за идентитетот, за емоциите. Сите фудбалери се свесни за тоа. Нема да функционира ако еден фудбалер го плаќаме 200, а друг 3.000 евра. Ќе продолжиме да инвестираме, но немаме огромен буџет. Мојот пријател, Сулејман Сане, таткото на Лирој Сане, ми кажа: ‘Тасманија се џинови кои спијат’. Продаваме дресови поради тој рекорд и сакаме да остане“, додава Нумиќ.

Share
Scroll to Top