Најнискиот центар во НБА се пресели во Милвоки

Најнискиот центар во НБА се пресели во Милвоки

пред 4 години

Милвоки Бакс ја засилија внатрешната линија со Пи Џеј Такер. Ветеранот е единствен играч во НБА лигата, со 198 сантиметри е најнискиот центар во лигата. Физички е многу силен, поради што без проблем се справува со повисоките играчи од него, брз е и има одличен шут за три поени.

Пи Џеј Такер, побара трејд, откако Хјустон, му дозволија на Џејмс Харден да го напушти клубот. Минатата недела тој го извести клубот дека нема немара повеќе да игра за нив.

Покрај Такер, Милвоки го добија и Латвиецот Родионс Куруцс, додека Милвоки во Хјустон ги испрати Ди Џеј Огастин и Ди Џеј Вилсон и пик од првата рунда на драфтот во 2023 година.

Share
Scroll to Top