На Вилијамс им ја хакираа апликацијата, но тие го претставија новиот болид

На Вилијамс им ја хакираа апликацијата, но тие го претставија новиот болид

пред 3 години

Вилијамс станаа деветтиот Формула 1 тим кој го претстави својот болид за следната сезона, покажувајќи го ФВ43Б, болидот со кој Џорџ Расел ќе ја почне својата трета сезона со тимот, а Николас Латифи својата втора сезона.

Овој болид е првиот направен под новата „управа“ на тимот, откако основачот на тимот, Сер Френк Вилијамс го продаде тимот на американската инвестициска групација „Дорлитон капитал“ во август.

Вилијамс, третиот најуспешен Ф1 тим во историјата зад Ферари и Мекларен, имаше катастрофални неколку сезони, откако од 2018 година се на дното на шампионатот, а во 2020 првпат во својата историја не освоија ниту еден поен. Сајмон Робертс е новиот шеф на тимот, додека Јост Капито е генерален директор на тимот, а од 2022 година, тимот ќе користи и менувачи на Мерцедес.

Планираната презентација на тимот преку виртуелна реалност беше напуштена откако апликацијата преку која требаше да се направи беше хакирана, по што тимот се реши на вообичаена презентација преку официјалниот веб-сајт.

Share
Scroll to Top