На два дена пред новата сезона побара да си оди од Сасуоло

На два дена пред новата сезона побара да си оди од Сасуоло

пред 3 години

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Доменико Берарди на два дена пред првиот меч од новата сезона во Серија А побарал трансфер од тимот на Сасуоло.

„Тутомеркато“ јавува дека Берарди испратил службено барање до клубот во кое образложува дека смета оти дошло време за нови предизвици. Претходно, за 27-годишниот офанзивен фудбалер клубот бараше 40 милиони евра, но сега, се чини се подготвени да го продадат за 10 милиони помалку.

Берарди е „дете не Сасуоло“, минатата сезона постигна 17 гола, а имаше и 8 асистенции. Претходно одби трансфер во Јувентус.

Сега со неговото име се поврзува трансфер во Милан, Фиорентина и Борусија Дортмунд.

Share
Scroll to Top