Фудбалската федерација на Данска, соопшти, дека на Кристијан Ериксен ќе му биде вграден дефибрилатор, кој ја следи работата на срцето.
„По серијата прегледи, решивме дека Кристијан треба да има уред, кој ќе ја следи работата на срцето. Овој уред е неопходен откако имаше срцев удар. Кристијан ја прифати оваа одлука“, изјавил лекарот на данската репрезентација, Мортен Босен.
Босен не коментирал што ќе биде со кариерата на Ериксен.
Кристијан Ериксен, колабираше во саботата, во текот на мечот со Финска. Откако успешно го реанимираа на теренот, тој беше хоспитализиран.