На Нејмар му е преку глава – прекина интервју кога го прашаа за Мбапе

На Нејмар му е преку глава – прекина интервју кога го прашаа за Мбапе

пред 2 години

Кога по петочната победа на Бразил над Гана во пријателски меч, Нејмар беше запрашан за неговите односи со соиграчот од Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, тој видно изнервиран реши да го прекине интервјуто.

Иако беше во добро расположение, кога доби прашање за односите со ѕвездите во ПСЖ, тој одговори: „Со Килијан?“, по што си замина.

Односите меѓу Нејмар и Мбапе никогаш не биле најдобри, а оваа сезона кулминираа по расправијата за тоа кој ќе изведува пенал против Монпелје веќе во второто коло од француската лига.

Share
Scroll to Top