На Синер поради допинг ќе му бидат одземени поени

На Синер поради допинг ќе му бидат одземени поени

пред 3 месеци

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е санкциониран поради кршење на антидопинг правилата.

Синер ослободен од какво било кривично дело, иако во неговото тело биле пронајдени траги од клостебол.

Контаминацијата со Клостебол дошла преку третман, кој го добил од неговиот физиотерапевт.

Синер соработувал во процесот, а независен суд го прогласил Италијанецот за невин.

Сепак, поради анти-допинг правилата, тој прифаќа да загуби бодови од турнирот во Индијан Велс, каде се одржа тестирањето.

Синер стигна до полуфиналето во Калифорнија, каде го претрпе првиот пораз сезонава против Карлос Алкараз.

Според тоа, Јаник ќе загуби точно 400 бода, но и 300.000 евра, кои им припаѓаат на полуфиналистите на Индијан Велс.

Синер моментално е прв со 9.760 поени, точно 2.300 повеќе од Новак Ѓоковиќ, и 2.400 повеќе од Карлос Алкараз.

Share
Scroll to Top