Француската лига бара владина помош по колапсот на договорот за ТВ-правата

Француската лига бара владина помош по колапсот на договорот за ТВ-правата

пред 3 години

Француската фудбалска професионална лига (ЛФП) побара итна владина повеќемилионска помош за да се олесни финансиската криза предизвикана од КОВИД-19, како и колапсот на ТВ-правата за Лига 1.

Според ЛФП, прекинувањето на минатата сезона, и ограничувањата кои постојат за сезоната 2020/21, значи дека е потребна помош од државата, односно формирање на „итен план за поддршка“.

„Бордот на директори на ЛФП ги разгледа финансиските извештаи за 2020/21 по склучениот договор со ‘Канал плус’ за ТВ-правата. Клубовите наместо 1307.1 милиони евра ќе добијат само 759.1 милиони евра, а досега загубите се над милијарда евра, и тоа ако не се земат во предвид трансферите“, се вели во објавата на ЛФП, во која тие бараат состанок со повеќе француски министри.

Најголем проблем на лигата е колапсот на богатиот ТВ-договор со „Медијапро“, со што Лига 1 остана без пренесувач на мечевите во Франција. Неодамна беше потпишан привремен договор со „Канал плус“ до крајот на сезоната, но тоа значеше 49 отсто помалку приходи.

Share
Scroll to Top