На теренот е неприкосновен, на листата на заработувачка не е ниту во топ 3

На теренот е неприкосновен, на листата на заработувачка не е ниту во топ 3

пред 3 години

Тениската сезона 2021 поминува во знакот на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, кој освои три од годишните гренд слема и е фаворит за комплетирање на календарскиот гренд слем во Њујорк, но успехот не значи и заработувачка, како што покажува листата на магазинот „Форбс“ за тоа кои тенисери најдобро заработиле последните 12 месеци.

Србинот не е ниту во топ 3 на таа листа, на која убедливо на првото место е Роџер Федерер, тенискиот „Маестро“ од Швајцарија кој има одиграно многу малку тенис оваа година. Федерер заработил 90.6 милиони долари од кои само 600.000 долари од наградните фондови. Федерер е на врвот на оваа листа неверојатни 16 години едноподруго.

Втора на листата е јапонската светска тенисерка број 1, Наоми Осака со 60 милиони долари (од кои само 5 милиони од победи), додека трета е Серена Вилијамс со 41.8 милиони долари (1.8 милиони од победи).

Ѓоковиќ е на четвртото место со вкупно 30 милиони долари, иако е убедливо прв на листата од наградните фондови (8 милиони долари). Во топ 10 се уште и Рафаел Надал, Кеи Нишикори, Данил Медведев, Доминик Тим, Стефанос Циципас и Ешли Барти.

Share
Scroll to Top