НБА: Победи за Портланд, Милвоки, Денвер…

НБА: Победи за Портланд, Милвоки, Денвер…

пред 3 години

Девет напревари се одиграа во НБА лигата пред паузата поради Ол стар натпреварот, кој ќе се одигра во недела.

Во најдраматичниот натпревар, Милвоки победија во Мемфис со 112:111. Победникот го реши Џру Холидеј со поените постигнати на пет секунди до крајот на натпреварот. Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 26 поени и 11 скока, на спротивната страна најдобар беше Џа Морент со 35 поени.

Драматично беше и во Портланд, каде Демијан Лилард на својот тим му ја обезбеди победата над Сакраменто 123.119. Лилард 10 од своите 44 поени, постигна во последните три минути. Брилијантен меч за Портланд одигра и Енес Кантер (22 поени и 21 скок). 32 поени за Сакраменто постигна Диерон Фокс.



Вашингтон ја продлабочија кризата на ЛА Клиперс. Вашингтон победија 119:117, предводени од првиот стрелец во лигата Бредли Бил, кој постигна 33 поени, Расел Вестбрук забележа 27 поени, девет скока и 11 асистенции. Клипрс го запишаа шестиот пораз на последните 10 натпревари. Ивица Зубац имаше дабл-дабл од 13 поени и исто толку скокови, а Каваи Ленард постигна 22 поени.

Четвртата победа во низа, Денвер Нагетс ја забележаа против Индијана Пејсерс. Нагетс победија 113:103. Мајкл Порттер јуниор го предводеше Денвер со 24 поени и 12 скокови, Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скокови и осум асистенции.

Резултати:

Бостон-Торонто 132:125
Вашингтон-ЛА Клиперс 119:117
Њујорк-Детроит 114:104
Индијана-Денвер 103:113
Мемфис-Милвоки 111:112
Њу Орлеанс-Мајами 93:103
Сан Антонио-Оклахома 102:107
Финикс-Голден стејт 120:98
Портланд-Сакраменто 123:119

Share
Scroll to Top