Циципас за Кирјос: Тој сака да биде црна овца!

Циципас за Кирјос: Тој сака да биде црна овца!

пред 3 години

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас со свој коментар за двете различни „страни“ на австралискиот тенисер Ник Кирјос.

„Кога заедно игравме во двојки, го видов вистинскиот Ник. Бев изненаден од тоа што тој мрзи да губи. Кога го напуштавме теренот, бев разочаран и фрустриран. Бев во шок кога го видов дека и тој е ист таков. Тој е хиперактивен и победнички настроен“ рече Циципас.

Гркот ја искоментира и другата страна на Австралиецот.

„Тој сака да биде црна овца, во центарот на вниманието, прави непредвидливи работи, но во тоа нема ништо лошо. Ник има своја личност и поради тоа некои го мразат, некои го сакаат. Сметам дека на тенисот му е потребно нешто поразлично, забавно е да го гледаш, се додека не ја помине границата. Знае тоа да го направи, но кога покажува почит, тој тогаш е еден од најзабавните играчи“ смета Циципас кој потенцира дека не се блиски пријатели.

Share
Scroll to Top