Српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси направи неубав гест на натпреварот помеѓу Србија и Швајцарција, откако во првото полувреме по мини-пресвртот кој го направија за 2:1 водство, на камерите беше фатен како пцуе „мајки шиптарски“. Сепак, ова водство донесе само привремена радост кај Србите, откако тие примија уште два гола и на крајот испаднаа како последни во својата група.
Ова не беше единствен ваков момент на натпреварот, откако во средината на второто полувреме, српските фудбалери на клупата очигледно испровоцирани од нешто што кажа Гранит Џака се обидоа да влезат на теренот, а токму Пикси тогаш ги смируваше.
PIKSI NAJJAČI pic.twitter.com/XCX585LqvV
— Nadrkana od malena (@uvek_nadrkana) December 2, 2022
— OvoOno (@OvoOnoX) December 2, 2022