Незадоволство во Сити, тројца ќе го напуштат клубот

Незадоволство во Сити, тројца ќе го напуштат клубот

пред 3 години

Тројца играчи на Манчестер сити биле незадоволни од статусто што го имале кај менаџерот Пеп Гвардиола оваа сезона. „Атлетик“, пишува, дека Ајмерик Лапорт, Рахим Стерлинг и Габриел Жесус би можеле да си заминат од клубот.

Сити ја освоија Премиер лигата и Лига купот, но не успеај да дојдат до трофејот во Лигата на шампионите.

Гвардиола нема да се откаже од намерата да ја освои Лигата на шампиони. Сити се подготвува за преодниот рок, во кој ќе се обидат да ги донесат Хари Кејн од Тотенхем и Џек Грилиш од Астон Вила.

За да дојде до овие двајца, Сити ќе мора да продава. Според „Атлетик“, незадоволните ќе бидат ставени на трансфер-листата.

Лапорт, сезонава одиграл 27 натпревари, постигнал два гола. Стелниг настапи на 49 натпревари, постигнал 14 голови, но во финишот на сезоната не беше во плановите на Гвардиола, иако во финалето во Лигата на шампионите одигра 77 минути. Бразилецот, Жесус настапи на 42 натпревари, постигна 14 голови.

Share
Scroll to Top