Јоги Ферел слета во Подгорица

Јоги Ферел слета во Подгорица

пред 5 месеци

Американскиот кошаркар Јоги Ферел потпиша договор со Будуќности, потврди клубот од Подгорица.

Плејмејкерот со големо НБА искуство, на почетокот се поврзуваше со белградски Партизан, но преговорите не беа успешни. Откако ја раскина соработката со Шангај Шаркс, Ферел реши да ја прифати понудата од Будуќност.

Ферел е роден во Стинесвил, Индијана, каде што завршил средно училиште, а потоа поминал четири години на Универзитетот Индијана.

Има искуство и во АБА лигата каде две сезони играше за Цедевита Олимпија, во сезоната 2021/22 имаше просек од 12,6 поени и пет асистенции по натпревар, додека следната година ја заврши со просек од 16,2 поени, 5,9 асистенции и 3,5 скокови.

Минатата сезона ја освои титулата МВП на финалето на во првенството на Словенија, а беше и најдобар стрелец на Еврокупот.

Оваа сезона ја започна во Кина со Шангај Шаркс, а во кариерата Ферел играше во НБА лигата за Бруклин, Далас, ЛА Клиперс и Сакраменто, потоа дојде во Панатинаикос, но брзо се пресели во Љубљана.

Во НБА остана запаметен и по одличната партија против Портланд (108:104) кога постигна 32 поени. Тој стана само третиот недрафтуван играч кој постигнал 30+ поени во неговите први 15 натпревари. На тој натпревар погоди девет тројки од 11 обиди, со што го израмни рекордот по бројот на тројки на еден дебитант во НБА лигата.

Share
Scroll to Top