Суперлига, во моментов тоа единствената актуелна тема во светот на фудбалот. Додека во Англија, навивачите ги палат дресовите, фановите на Ливерпул ги повлекоа своите банреи од „Коп“ трибината, а пред стадионот закачија транспаренти со пораки дека клубот е мртов, луѓе во Црна Гора со некролог констатираа дека фудбалот е мртов.
„Со тажно срце објавуваме дека по долга и тешка криза, предизвикана од неизмерната глад на богатите за пари, од нашите срца, го зедоа, фудбалот, кој никогаш нема да го прежалиме. Со неизмерна болка во нашите души, секогаш ќе се сеќаваме на него и ќе зборуваме за него, ќе се обидеме да го чуваме да не биде заборавен“, пишува во некрологот кој стана хит на социјалните мрежи на Балканот.
View this post on Instagram