Нема напредок во преговорите околу новиот договор на Хендерсон

Нема напредок во преговорите околу новиот договор на Хендерсон

пред 3 години

Ливерпул и капитенит Џордан Хендерсон не можат да се договорат околу продолжувањето на соработката.

„Атлетик“, пишува дека „двете страни имаат комплицирани односи“ и додава дека контактот не е изгубен и дека преговорите се во тек.

Хендерсон е во Ливерпул од 2011 година, со клубот има договор до јуни 2023 година. Ливерпул две години пред истекот на договорот, отворија преговори за да не дојдат во ситуација во која се најдоа со Вајналдум. Холанѓанецот на крајот без обесштетување замина во ПСЖ.

Доколку преговорите завршат неуспешно, не се исклучува можноста Хендерсон да го напушти „Енфилд“.

„Атлетик“, тврди дека за неговите услуги се заинтересирани ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top