Прва победа на калчолигашот Удинезе во четвртиот меч од новата сезона, совладана е Парма со 3-2.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски не доби жанса за настап, но неговите колеги успеаја да го совладаа жилавиот противник со гол во 88 минута.
Парма поведе со 0-1 во 26 минута, стрелец беше Хернани. Но домаќинот од Удине веќе во наредниот напад со голот на Самир го враќа резултатскиот егал, 1-1.
Во второто полувреме Јакопони постигнува автогол за домашна предност, но гостите не се обесхрабрија. Во 70 минута Карамо гаѓа прецизно за 2-2.
Голот за победа и први бодови во новата сезона за Удинезе ги донесе Пусето кој влезе во игра во 67 минута.
Двата тима се во долниот дел од табелата.