Илија Несторовски ќе го пропушти Европското првенство. Фудбалерот на Удинезе, вчера, ги оперираше предните вкрстени лигаменти во коленото и го очекува неколку месечна пауза. Несторовски се повреди во петокот на тренингот на Удинезе.
Несторовски има 31 година, од дебито за Македонија во 2015 година, одиграл 46 натпревари и постигнал 10 голови.
Поради непримерно однесување на натпреварот со Лихтенштајн, кога постигна гол од пенал, беше изоставен за дуелот со Германија, во кој Македонија забележа сензационална победа во Дуизбург.
Несторовски е поранешен играч на победа, Словачко, Викторија Жишков, Металург, Интер Запрешиќ и Палермо.
Македонија на ЕУРО 2020 е во Ц-групата заедно со Холандија, Австрија и Украина.