Нејмар-шоу во Минхен – ПСЖ со 2:1 водство на полувреме, Челси го има Мејсон Маунт

Нејмар-шоу во Минхен – ПСЖ со 2:1 водство на полувреме, Челси го има Мејсон Маунт

пред 4 години

Одбраната на титулата од Лигата на шампионите, како и одбраната на Баерн Минхен, полека се „распаѓа“ откако ПСЖ успеа да дојде до 1:2 водство на „Алијанц арената“ по првото полувреме. Челси, пак, во Севилја има 1:0 водство над Порто.

Откако прво Килијан Мбапе ги шокираше по само три минути по убавиот пробив на Нејмар, Бразилецот повторно покажа зошто е толку вреден за ПСЖ, кога успеа да ја измами одбраната на Баварците и да му асистира на сонародникот, капитенот Маркињос за 0:2 во 28. минута од мечот. Лоши половина час за Баерн, на крајот на кои сепак, Ерик-Максим Чупо-Мотинг им даде надеж за пресврт во второто полувреме со гол против својот поранешен клуб.

Челси исто така има гостинско водство, откако Мејсон Маунт во 32. минута постигна убав гол за 0:1 водство кај Порто, кои својот домашен меч го играат на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја.

Share
Scroll to Top