Џиро Д’Италија – хеликоптер турна ограда, повредени се велосипедисти

Џиро Д’Италија – хеликоптер турна ограда, повредени се велосипедисти

пред 4 години

Италијанскиот велосипедист Лука Вакерман настрада на чевртата етапа на трката Џиро Д’Италија по бизарна несреќа.

Вакерман и Холанѓанецот Етиен ван Емпел се приближуваа кон целта кога ниско над нив прелета хеликоптер и на патеката ја турна металната ограда. Двајцата велосипедисти не успеаја да ја избегнат несреќата, па двајцата завршија на асфалтот.

Веднаш се префрлени во болница, а на Вакерман му е дијагностициран потрес на мозокот, скршеница на коската на носот и многу набиеници.

Ван Емпел, пак, помина со лесни повреди.

Share
Scroll to Top