„Не го предизвикувајте вирусот, не сте Златан“

„Не го предизвикувајте вирусот, не сте Златан“

пред 3 години

Златан Ибрахимовиќ на Инстаграм објави видео запис, преку кој на своите следбеници им испраќа порака да ги почитуваат мерките кои ги препорачуваат институциите за заштита од коронавирусот. „Почитувајте ги правилата, не го предизвикувајте вирусот“, вели меѓу другото Ибрахимовиќ.

Во Италија сметаат дека со ова видео Ибрахимовиќ, индиректно му испрати порака на Кристијано Роналдо.

Португалецот две недели се наоѓа во изолација, со вирусот се заразил во Португалија, додека беше на собирот на репрезентацијата. Последниот тест што го направил во вторникот покажал дека се уште е позитивен.

Роналдо незадоволството го изрази на социјалните мрежи. Вчера на фановите им порача дека се чувствува добро, дека редовно тренира и дека ПЦР-тестовите се ср..е.

„Вирусот ме предизвика мене и јас го победив. Меѓутоа вие не сте Златан, не го предизвикувајте вирусот. Бидете мудри и почитувајте ги правилата: држете дистанца, носете маски. Ќе победиме!“, порачал Ибрахимовиќ.

 

Share
Scroll to Top