Не издржа бункерот на Барнли, прва победа на Челси со Тухел на кормилото

Не издржа бункерот на Барнли, прва победа на Челси со Тухел на кормилото

пред 3 години

Иако беа предоминанти, и на противникот не му дозволија да го види голот на Менди, фудбалерите на Челси само со 2-0 славеа против Барнли во рамките на 21. коло од Премиерлигата.

Така „сините“ му го донесоа на менаџерот Томас Тухел првиот триумф откако го презема кормилото на лондонскиот клуб.
Резултатот беше отворен во 40 минута Цезар Азпиликуета погоди под пречката за 1-0.

Иако имаа неколку шанси уште поразо да го решат прашањето на победникот, пулените на Тухел преку Маркос Алонсо во 84 минута погодија за конечни 2-0.

Во 21 меч Челси собра 33 бода, а Барнли е при дното, со само 22.

Share
Scroll to Top