Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, вели дека не е заинтересиран за желбите на Килијан Мбапе во врска со новиот главен тренер.
Реал нема шанси за трофеј оваа сезона, треба да се случи чудо во финишот на сезоната и Барселона да ја испушти предноста од девет бода. Една од темите е и кој ќе биде новиот тренер, бидејќи е јасно дека Арбелоа нема да остане на функцијата.
Килијан Мбапе на социјалните мрежи, поддржа објава во која се наведува можното враќање на Жозе Мурињо во Мадрид.
„Не ме интересира дали му се допаѓа Мурињо, Џулија Робертс или некој друг“, рече Арбелоа.
Многу се зборува за неиграњето на Дани Карвахал. Капитенот добива малку простор од страна на Арбелоа.
„Трент покажува високо ниво, тој заслужува да игра. Често се заборава дека во Реал Мадрид е прашање на опстанок во секој натпревар. Ако тренерот извади играч на теренот, тоа е затоа што тој го заслужува тоа и затоа што верувам дека е потребно да се победи“, истакнува Арбелоа.
Реал го заврши учеството во Лигата на шампионите, но и во Кралскиот куп, додека во Ла Лига заостанува девет бода зад Барселона на шест кола до крајот.
Foto/ Depositphotos






