„Не можевме да спиеме по преглупавиот старт на Пикфорд над Ван Дајк“

„Не можевме да спиеме по преглупавиот старт на Пикфорд над Ван Дајк“

пред 3 години

Холандскиот фудбалски репрезентативец, Жоржињо Вајналдум остро го критикуваше голманот на Евертон, Џордан Пикфорд за невнимателниот старт против Вирџил ван Дајк по што стоперот подолг период ќе е надвор од терените. Играчот од средниот ред на „црвените“ рече дека „никој од соиграчите не спиел“ по Мерсисајд дербито.

„Секако дека сме изнервирани. Тоа што Пикфорд го направи беше преглупаво. Не верувам дека сакаше да го повреди на начин на кој го повреди. Играчите на Евертон претеруваат кога играат против нас. Сите сакаат да победат во дербито, понекогаш малку и се претерува, но ова е премногу. И не е во прашање само тој старт, Ришарлисон безобразно го `покоси` Тијаго“ рече Вајналдум.

Холанѓанецот вели дека тоа што противниците го правеле не е во ред.

„Несреќи се случуваат, може и некој да е повреден, но тоа што тие го правеа е потполно неприфатливо. Уште потешко ни е што никој не е казнет“ – објасни холандскиот фудбалер.

Share
Scroll to Top