Серхио Кун Агуеро, откажал интервју за еден француски медиуми, незадоволен од односот што го имаат медиумите во Франција, кон неговиот голем пријател Лионел Меси.
ПСЖ, во вторникот, го победи Реал со 1:0, во првиот осмина-финален натпревар со голот на Килијан Мбапе во 94.минута. Меси на овој натпревар промаши пенал во 61.минута.
„Екип“, за она што го прикажа Меси на теренот, на скалата од 1 до 10, го оцени со тројка.
Агуеро за РМЦ рекол дека е изненаден од оценката што ја добил Меси.
„Какви се глупости приказните за промашениот пенал. Играше добро, ги пробиваше линиите на Реал. Беше добра и активен на теренот. Француските медиуми и магазини го „убија“. Тие се ср..е“, рекол Агуеро и дополнил.
„Имав договорено интервју со еден француски весник. Поради третманот што го имаат медиумите кон Меси, го откажав интервјуто“.
Агуеро и Меси се пријатели уше од младинските селекции на аргентинската репрезентација. Исто така Меси е кум на Бенџамин, синот на Агуеро.