Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов добил негативен тест на коронавирус, па ќе може да му се стави на располагање на новиот селектор во селекцијата Благоја Милевски за септемвриските квалификации за Мундијалот 2022 година.
Пред 5 дена новиот фудбалер на молдавскиот шампион Шериф Тираспол доби позитивен тест на Ковид 19, но сепак брзо се избори со непредвидливиот вирус и најверојатно уште вечерва ќе биде во Скопје, на располагање на селекторот за подготовките на националниот тим кои започнуваат утре.
Македонија без капитенот Горан Пандев, без повредените Илија Несторовски и Аријан Адеми, но со повратникот во селекцијата Адис Јаховиќ на 2 септември ќе игра против Ерменија во Скопје.
Потоа за три дена нагости кај Исланд, додека на 8 септември, на државниот празник во Скопје се игра натпреварот против Романија.