Ник Кирјос со поддршка за Ѓоковиќ

Ник Кирјос со поддршка за Ѓоковиќ

пред 3 години

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, поради третманот што го доби од австралиските власти.

Откако му беше укината визата, за влез во земјата, Ѓоковиќ го сместија во хотел за мигранти во Мелбурн. Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба, која Федералниот суд ќе ја разгледа во недела на полноќ, односно во 10 часот по локално време.

„Видите, навистина мислам дека треба да се преземе нешто. Се вакцинирав, за себе, другите, за здравјето на мојата мајка. Но начинот на кој се однесуваме во ситуацијата со Новак Ѓоковиќ е лош, многу лош. Погледнете ги сите „мимови“, наслови…Тој е еден од нашите најголеми шампиони, на крајот на краиштата тој е човек. Однесувајте се подобро“, напишал Кирјос на „Твитер“.

Ник ирјос е еден од најголемите критичари на Новак Ѓоковиќ, во оваа ситуација помалку и изненадувачки застана во негова одбрана.

Share
Scroll to Top