Ниту три досудени пенали не го спасија Леванте – Барса ја продолжи победничката серија

Ниту три досудени пенали не го спасија Леванте – Барса ја продолжи победничката серија

пред 2 години

Ниту три досудени пенали не беа доволни Леванте да извлече барем реми против Барселона, откако во драматична завршница, гостите од Каталонија стигнаа до 2:3 победа, продолжувајќи ја славеничката низа на тимот на Чави Ернандез.

Каталонците губеа со 0:1 откако Хозе Моралес во 52. минута од мечот беше сигурен од белата точка за изненадувачко водство на 19-пласираниот во Ла лига. Само четири минути подоцна беше досуден уште еден пенал за домаќините, но овојпат Марти не го реализираше.

Тогаш Чави реши во игра да ги внесе младите таленти на клубот, Педри и Гави во игра, и ситуацијата се смени. Прво Пјер-Емерик Обамејанг во 59. минута израмни на 1:1, пред Гави да му асистира на Педри четири минути за водство на Каталонците. Во 83. минута повторно беше досуден пенал, трет за домаќините, кој Гонзало Мелеро го реализираше за  израмнување.

Драмата продолжи, кога во 92. минута, Жорди Алба фантастично го пронајде Лук де Јонг, кој донесе победа за Барселона, со која тие се искачуваат на второто место на табелата со 60 поени, дури 12 зад Реал Мадрид, но со натпревар помалку. Леванте остануваат претпоследни со 22 поени, седум зад безбедната зона во Ла лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top