Ништо од трилогија – Тајсон одбил 25 милиони долари за меч со Холифилд

Ништо од трилогија – Тајсон одбил 25 милиони долари за меч со Холифилд

пред 4 години

Боксерските фанови кои очекуваа повторно да ги видат Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд во рингот по повеќе од две децении, најверојатно ќе останат разочарани, откако Тајсон наводно одбил 25 милиони долари за ваков меч.

Постоеја шпекулации дека 54-годишниот Тајсон ќе влезе по третпат во рингот со 58-годишниот Холифилд по мечевите во 1990-тите, со преговори на агентите на двајцата боксери и по успешниот камбек на Тајсон против Рој Џонс Јуниор, кој донесе многу пари. Холифилд исто така објавуваше видеа од неговите подготовки, но сега од неговиот камп има вести дека мечот е невозможно да се организира.

„Мислевме дека имаме готов договор, но тој бргу се распадна кога луѓето на Тајсон ги одбија сите понуди. Преговаравме со желба за меч, но очигледно само го губевме времето“, изјави агентот на Холифилд, Крис Лоренс.

Според нивните информации, Тајсон одбил гарантирани 25 милиони долари за меч во „Хард рок стадионот“ во Мајами на 29 мај.

Тајсон пак, минатиот викенд прати лута порака дека нема да работи повеќе со „Трилер“, платформата која го организираше камбекот со Џонс Јуниор и дека отсега ќе работи само со „Леџендс онли лиг“.

Share
Scroll to Top