Кристофер Нкунку нема многу среќа откако пристигна во Челзи, пред се со повредите, поради што и нема голема минутажа.
Повремениот француски репрезентативец долго време се мачеше со повреди, а кога се врати, Мареска веќе формираше тим кој игра добро и бележи добри резултати. резултати.
Нкунку е незадоволен и би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во следниот преоден рок, порано од очекуваното. Нкунку дојде како големо засилување од Лајпциг и се претпоставуваше дека ќе стане еден од клучните фудбалери на „сините“.
Според шпанските медиуми, менаџерот на Нкунку и го понудил својот клиент на Барселона.
Оваа опција не е реална бидејќи Барселона поради финансискиот фер плеј има проблем да го регистрира и Дани Олмо.
Нкунку оваа сезона одигра вкупно 16 натпревари во Премиер лигата и постигна само два гола.
Французинот има договор со Челзи до летото 2029 година.